Иран на полноќ ќе се изјасни за „конечниот текст“

Од:

Шефот на иранската дипломатија Хосеин Амир Абдолахиан денеска најави дека Техеран на полноќ ќе одговори на документот претставен од ЕУ за нуклеарните преговори во Виена, познат како „конечен текст“.

Тој ги повика САД да покажат флексибилност за заживување на нуклеарниот договор од 2015 година.

– Ќе ни требаат повеќе разговори доколку Вашингтон не покаже флексибилност за решавање на преостанатите прашања. Како Вашингтон, ние исто така имаме наш план Б доколку преговорите не успеат, истакна Абдолахиан.

Во Виена на 8 август завршија преговорите за обновување на иранскиот нуклеарен договор при што беше донесен привремен текст за нов договор со што постои надеж дека ќе се спречи Техеран да развива нуклеарно оружје.

Во 2015 година САД, Франција, Германија, Велика Британија, Русија и Кина постигнаа договор со Иран, со кој Техеран се согласи да го ограничи збогатувањето ураниум под надзор на инспекторите на ОН во замена за укинување на економските санкции. Но, три години подоцна, поранешниот американски претседател Доналд Трамп еднострано ги повлече САД од Договорот, а Иран почна да користи напредни центрифуги и брзо ги зголеми резервите на збогатен ураниум, со што го крши Договорот.

Официјален Техеран тврди дека нуклеарната енергија е за мировни цели.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Врховниот лидер на Иран: Покажавме моќ во нападот врз Израел

Орце Костов

ВИДЕО: Воздушен напад во Ирак, експлозии во база на проиранската милиција

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Иранската државна телевизија IRIB ги минимизираше извештаите за израелскиот напад

Иран: Немаше ракетен напад, соборивме израелски беспилотни летала

Горан Наумовски

ABC News: Израелски проектили погодија локација во Иран

Нов состанок на воениот кабинет на Израел