Иранскиот амбасадор во Велика Британија предупреди за можна ескалација на тензиите бидејќи британските официјални претставници одбија да ги укинат санкциите против Техеран.
Британија заплената на танкерот „Стена имперо“ ја нарече „непријателски акт“, јавува Ројтерс, пренесува „Гласот на Америка“.
Иранскиот амбасадор во Велика Британија, Хамид Бединеџад напиша на „Твитер“ дека „Велика Британија мора да ги заузда политичките сили кои посакуваат ескалација на тензиите, во моментот тоа е чувствителна и опасна тема, а Иран е подготвен на различни сценарија“.
Министерот за одбрана на Велика Британија, Тобијас Елвуд не ја исклучива можноста за воведување на санкции против Иран.
„Сега мора да се погрижиме за го решиме прашањето за запленетиот брод и да овозможиме бродовите под Британско знаме безбедно да пловат во тие води.“, изјави Елвуд за „Скај Њуз“,
Тој додаде дека се разглдуваат различни одговори за Техеран, меѓу кои и санкции, за што Техеран ќе разговара со сојузниците.
Иранската Влада соопшти дека сите членови на екипажот се добро.