Иран ја повика Турција да ја прекине воената офанзива во Сирија

Од:

Иранското Министерство за надворешни работи денеска ја повика Турција веднаш да ја прекине воената офанзива во Сирија и да ги повлече своите сили од земјата.

Во соопштение објавено на официјалната веб-страница, Министерството изрази загриженост за хуманитарната состојба и опасностите за цивилите во зоната на конфликтот.

– Министерството за надворешни работи на Иран ја нагласува потребата од итно прекинување на нападите и повлекување на турската армија од Сирија, се вели во соопштението.

Турските трупи и нивните сириски бунтовнички сојузници вчера пристигнаа во северо-источна Сирија, населена главно со Курди, со што почна турската инвазија која наиде на осуда од целиот свет.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Иранската државна телевизија IRIB ги минимизираше извештаите за израелскиот напад

Иран: Немаше ракетен напад, соборивме израелски беспилотни летала

Горан Наумовски

ABC News: Израелски проектили погодија локација во Иран

Нов состанок на воениот кабинет на Израел

Иран: Следниот напад ќе биде за неколку секунди

Катерина Ѓуровски

Израел потврди дека ќе се одмазди, раздор во кабинетот на Нетанјаху

Катерина Ѓуровски