Иран изготви „буџет на отпорот“ вреден 39 милијарди долари

Од:

– Иранскиот претседател Хасан Рохани пред Парламентот претстави предлог-буџет од 39 милијарди американски долари, кој тој го нарече „буџет на отпорот“ против санкциите изречени од САД.

Властите не даваат бројки за цената на нафтата и за обемот на извозот што се користи во пресметките, но според Меѓународниот монетарен фонд, на Иран му ќе биде потребно тројно зголемување на цената на нафтата за да го избалансира својот буџет, откако нагло падна извозот на тој енергенс.

– Следната година, како и оваа година, нашиот буџет ќе биде буџет на отпор и упорност против санкциите, нагласи Рохани.

– Овој буџет му кажува на светот дека и покрај санкциите, ние можеме да управуваме со земјата, додаде претседателот на Иран.

Иранскиот шеф на државата изјави дека неговата земја ќе биде помалку зависна од извозот на нафта и може да се потпира на заем од пет милијарди американски долари од Русија, кој во моментов се финализира.

Буџетот е за иранската фискална година што почнува од 20 март.

Во локална валута, новиот буџет е 10 проценти поголем од претходниот, но во долари е помал заради годишната инфлација од околу 35 проценти.

Поставен е пад на приходите од нафта и гас од 40 проценти, дупка што земјата планира да ја пополни со државни обврзници и продажба на државни имоти.

Според првичните податоци на локалните новински агенции, продажбата на нафта од 500.000 до 1 милион барели на ден веројатно ќе се користи како основа. По американските санкции, велат аналитичари, извозот на нафта во Иран падна на околу 400.000 барели на ден или дури и понизок од над 2,5 милиони барели на ден од претходно.

Би можело да ве интересира

Во Иран на секои седум минути од Ковид-19 умира по едно лице

Ана Ололовска

Во Иран над 17.000 луѓе починале од последици од Ковид-19

А1он

Во Иран уапсен опозициски лидер обвинет за тероризам

А1он

Хамнеи: Нема да преговараме оти тоа ќе биде искористено во пропагандни цели

Ана Ололовска

Хамнеи: Европските држави не успеаја да го спасат нуклеарниот договор

Ана Ололовска

Воени вежби на иранската Револуционерна гарда, симулирање напад врз американска флота

Ана Ололовска