Иран испрати реплика на носач на авиони во стратешкиот Ормуски Теснец во Персискиот Залив, се гледа на денешни сателитски слики, кои, според светските агенции, веројатно се покажуваат дека Техеран планира да го користи бродот за вежби.
Снимките на компанијата Максар технолоџис прикажуваат како моторен чамец се доближува до носач на авиони, откако реморкер го одвлекол од иранското пристаниште Бандар Абас.
Иранските власти и државните медиуми не признаа дека распоредиле реплика во Ормускиот Теснец низ кој минуваат 20 проценти од светската нафта.