Иран го претстави ракетниот систем „Бавар-373“, што е пандан на рускиот „С-300“

Од:

Иран денеска го претстави својот нов мобилен ракетен систем земја-воздух од домашно прозиводство, соопштија иранските државни медиуми.

Станува збор за систем на ракета со долг досег, што наводно може да погоди цели на одалеченост од 200 километри, пренесуваат британските медиуми.

На церемонијата на покажување на системот „Бавар-373“, што иранските медиуми го опишаа како пандан на рускиот ракетен систем „С-300“, присуствуваше и иранскиот претседател хасан Рохани.

Системот беше претставен на Денот на иранската одбранбена индустрија.

Би можело да ве интересира

Врховниот лидер на Иран: Покажавме моќ во нападот врз Израел

Орце Костов

ВИДЕО: Воздушен напад во Ирак, експлозии во база на проиранската милиција

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Иранската државна телевизија IRIB ги минимизираше извештаите за израелскиот напад

Иран: Немаше ракетен напад, соборивме израелски беспилотни летала

Горан Наумовски

ABC News: Израелски проектили погодија локација во Иран

Нов состанок на воениот кабинет на Израел