Иран го предложи регионот Хавраман за светско културно наследство на УНЕСКО

Од:

Иран поднесе молба до Организацијата на ОН за образование, наука и култура (УНЕСКО) да го стави историскиот регион Хавраман, кој се наоѓа во покраината Курдистан, на листата на светско културно наследство.

Директорот на Канцеларијата за културно наследство, рачни изработки и туризам на Курдистан, Мохсен Алави изјави дека 80 експерти од разни области собрале докази, додавајќи дека истражувањата се извршени во областа на антропологијата, археологијата, природните науки и историски документи.

Алави истакна дека повеќе од 500 антиквитети поврзани со палеолитската ера се откриени во тој регион.

Хавраман на курдски јазик значи „земја на сонцето“. Една од исклучителните знаменитости на регионот е нејзиниот карпест и планински пејсаж, вклучувајќи историски села, дворци и верски локации со разни обичаи и ритуали.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Воздушен напад во Ирак, експлозии во база на проиранската милиција

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Иранската државна телевизија IRIB ги минимизираше извештаите за израелскиот напад

Иран: Немаше ракетен напад, соборивме израелски беспилотни летала

Горан Наумовски

ABC News: Израелски проектили погодија локација во Иран

Нов состанок на воениот кабинет на Израел

Иран: Следниот напад ќе биде за неколку секунди

Катерина Ѓуровски