Иран го погуби поранешнот заменик министер за одбрана обвинет дека шпиунирал за Британија

Од:

Иран го погуби британско-иранскиот државјанин Алиреза Акбари, објави денеска новинската агенција Мизан, откако го осуди на смрт под обвинение дека шпионирал за Велика Британија. Британскиот министер за надворешни работи Џејмс Клеверли во петокот рече дека Иран не смее да го погуби Акбари, поранешен заменик министер за одбрана на Иран.

Велика Британија ја опиша смртната казна како политички мотивирана и повика на негово итно ослободување. „Алиреза Акбари, кој беше осуден на смрт под обвинение за корупција и опсежна акција против внатрешната и надворешната безбедност на земјата преку шпионажа за британското владино разузнавање… е егзекутиран“, напиша Мизан на Твитер.

Тој е обвинет дека за шпионажа примил 1.805.000 евра, 265.000 фунти и 50.000 долари. Во аудио снимка емитувана од Би-Би-Си на персиски во средата, Акбари рече дека ги признал злосторствата што не ги извршил за време на неколкумесечната тортура во притвор.

Иранските државни медиуми во четвртокот објавија видео во кое се вели дека покажува дека Акбари одиграл улога во атентатот во 2020 година на врвниот ирански нуклеарен научник Мохсен Фахризаде, убиен во напад во 2020 година надвор од Техеран за кој тогашните власти го обвинија Израел.

Во видеото, Акбари не признава вмешаност во атентатот, но вели дека британски агент побарал од него информации за Фахризаде.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Иранската државна телевизија IRIB ги минимизираше извештаите за израелскиот напад

Иран: Немаше ракетен напад, соборивме израелски беспилотни летала

Горан Наумовски

ABC News: Израелски проектили погодија локација во Иран

Нов состанок на воениот кабинет на Израел

Иран: Следниот напад ќе биде за неколку секунди

Катерина Ѓуровски

Израел потврди дека ќе се одмазди, раздор во кабинетот на Нетанјаху

Катерина Ѓуровски