Иран ги собра соседите на Авганистан за да разговараат за неговата иднина

Од:

Високи функционери од соседните држави на Авганистан денеска се собраа во иранската престолнина на еднодневна конференција за да разговараат за ситуацијата во земјата со која владеат талибанците.

На состанокот на министрите за надворешни работи на Иран, Пакистан, Таџикистан, Узбекистан и Туркменистан денеска во Техеран ќе се приклучат и нивните колеги од Кина и Русија преку видео врска.

Состанокот ќе го отвори новоизбраниот ирански претседател Ебрахим Раиси, кој ангажманот во регионот го стави како главен приоритет во неговата надворешна политика. Раиси и иранскиот министер за надворешни работи Хосеин Амирабдолахиан во вторникот одржаа одделни билатерални разговори со секој од министрите за надворешни работи.

Иранското Министерство за надворешни работи соопшти дека целта е да се формира обединет фронт меѓу соседите во повикот за формирање „инклузивна“ влада во Авганистан.

„Контролирањето на бранот бегалци по преземањето на земјата од талибанците во август, обезбедувањето економска безбедност за Авганистан и борбата против ’радикализмот’ се другите главни цели на состанокот, се додава во соопштението.

Разговорите уследија по виртуелниот состанок на министрите за надворешни работи на почетокот на септември, чиј домаќин беше Пакистан.

Иранското Министерство за надворешни работи исто така остро го осуди вооружениот напад на талибанците врз опозициските борци во долината Пањшир и серијата неодамнешни смртоносни експлозии во провинцијата Хорасан, за кои одговорноста ја презеде ИСИЛ-К.

Иран соопшти дека останува во постојан контакт со сите страни во Авганистан, вклучувајќи ги и талибанците.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Иранската државна телевизија IRIB ги минимизираше извештаите за израелскиот напад

Иран: Немаше ракетен напад, соборивме израелски беспилотни летала

Горан Наумовски

ABC News: Израелски проектили погодија локација во Иран

Нов состанок на воениот кабинет на Израел

Иран: Следниот напад ќе биде за неколку секунди

Катерина Ѓуровски

Израел потврди дека ќе се одмазди, раздор во кабинетот на Нетанјаху

Катерина Ѓуровски