Иран е подготвен, заедно со САД, да му помогне на Ирак во борбата против џихадистите

Од:

Шиитски Иран е толку загрижен од напредокот на сунитските бунтовници во Ирак, што, се чини, е подготвен да соработува и со САД само за да им помогне на властите во Багдад да го одбијат џихадистичкиот напад, соопшти висок ирански претставник, цитиран од британските медиуми.

Идејата се разгледува меѓу раководството на Исламската република, изјави претставникот, кој посака анонимност. Тој, меѓутоа, не објасни дали прашањето било покренато пред некоја трета земја.

Иран сака на соседите да им испрати советници и оружје, но веројатно не и војници, за да му помогне на својот сојузник, премиерот Нури ал Малики, да ја надмине сериозната закана за регионалната стабилност. Техеран е отворен за можноста да работи заедно со САД во давањето поддршка на Багдад, рече виоскиот ирански претставник, добавајќи дека „Иран има силно влијание во Ирак, Сирија и многу други земји“.

Иранскиот претседател Хасан Рохани вчера остро ги осуди „насилните активности на бунтовничките групи на Блискиот исток“, и додаде дека „Иран нема да толерира терор и насилство“.

Порпаролката на американскиот Стејт департмент, Џен Псаки, за ова прашање изјави: „Очигледно е дека ние во многу случаи ги поттикнавме да играат конструктивна улога“.

Стравувајќи дека ирачката војна може да се префрли во Иран, министерот за надворешни работи Мохамад Џавад Зариф ја повика меѓународната заедница да и помогне на Владата на Малики „во неговата борба против терористите“.

Ирански генерал изјави дека неговата земја „е подготвена на Ирак да му достави воена опрема или консултации“, соопштија британски медиуми. Според него, испраќањето иранска војска не било неопходно.

Претходно, ИТАР-ТАСС јави дека три батаљона на иранските елитни специјални сили „Ал Кудс“, што се дел од Корпусот на гардата на Исламската револуција, се префрлени во Ирак за да се борат против сунитската група „Исламска држава во Ирак и Левантот“ (ИДИЛ).

Би можело да ве интересира

Иран: Следниот напад ќе биде за неколку секунди

Катерина Ѓуровски

Израел потврди дека ќе се одмазди, раздор во кабинетот на Нетанјаху

Катерина Ѓуровски

Откриен еден од израелските планови за одмазда на Иран

САД одделно ќе гласа за помош на Украина и Израел, републиканците на Трамп се закануваат

Израелскиот министер за одбрана разговараше со својот американски колега: Немаме друг избор освен да му одговориме на Иран

Предраг Петровиќ

Фалената „железна купола“ не пресретнала ниту една од хиперсоничните ракети на Иран

Предраг Петровиќ