Иран: Договор со САД само ако се укинат санкциите

Од:

Иранскиот претседател Ебрахим Раиси вчера изјави дека постигнувањето договор со САД за нуклеарениот договор со светските сили е можно доколку се укинат санкциите против Техеран.

– Доколку страните се подготвени да ги укинат деспотските санкции, сосема е можно да се постигне некаков договор, рече тој за Иранската телевизија.

Еден ден претходно, иранскиот министер за надворешни работи Хосеин Абдолахиан ја изрази подготвеноста на Техеран да почне директни разговори со Вашингтон за иранската нуклеарна програма.

Иран и светските сили (Британија, Германија, Кина, Русија и Франција) започнаа уште една рунда преговори во Виена за заживување на нуклеарниот договор од 2015 година. САД не се директно вклучени.

Би можело да ве интересира

Извештај на ОН: Иран е одговорен за насилството што доведе до смрт на Махса Амини

Горан Наумовски

Силен земјотрес го погоди Иран

Горан Наумовски

Ирански полковник загина во израелски воздушен напад врз сириски пристанишен град

Иран ги осуди последните напади на САД и Велика Британија врз Јемен

(ВИДЕО) Иран ги трие рацете; Хутите ја запленија американската „жолта направа“

Раиси: Иран ќе продолжи мирно да ја развива својата нуклеарна програма

Горан Наумовски