Иран демантира дека е влошено здравјето на ајатолахот Хамнеи

Од:

Иранската полуофицијална новинска агенција Фарс днеска објави дека се не точни наводите објавени на социјалните мрежи дека е влошено здравјето на иранскиот врховен водач Али Хамнеи.

– Со милоста на бог и добрите молитви на верниците, господин (Хамнеи) е во добра здравствена состојба. Дури и многу е зафатен и посветено ги исполнува своите планови на вообичаен начин, јави Фарс, цитирајќи го твитот на блискиот соработник на ајатолахот Хамнеи, Мехди Фазаели.

Претходно на Твитер беше објавено дека Хамнеи ги пренел своите должности на синот, поради здравствени проблеми, а некои корисници на социјалните мрежи напишаа дека починал ајатолахот Хамнеи.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Иранската државна телевизија IRIB ги минимизираше извештаите за израелскиот напад

Иран: Немаше ракетен напад, соборивме израелски беспилотни летала

Горан Наумовски

ABC News: Израелски проектили погодија локација во Иран

Нов состанок на воениот кабинет на Израел

Иран: Следниот напад ќе биде за неколку секунди

Катерина Ѓуровски

Израел потврди дека ќе се одмазди, раздор во кабинетот на Нетанјаху

Катерина Ѓуровски