Иран: Членовите на екипажот од британскиот танкер се на безбедно и со добро здравје

Од:

Иранските власти денеска соопштија дека сите 23 членови на екипажот на запленетиот британски танкер со нафта „Стена Имперо“ се на безбедно и со добро здравје.

Тоа за државната иранска телевизија го изјавил шефот на Пристаништната и поморска организација на Иран за покраината Хормозган, Алахморад Афифипур.

– Сите 23 членови на екипажот кои се наоѓаат на бродот се наоѓаат на безбедно и се со добро здравје во пристаништето Бандар Абас, истакна Афифипур.

Членовите на екипажот се државјани на Индија, Летонија, Филипини и Русија.

Велика Британија заплената на танкерот од страна на Иран во Персискиот Залив ја нарече „непријателски акт“, отфрлајќи го објаснувањето на Техеран дека бродот бил запленет бидејќи учествувал во несреќа со ирански рибарски чамец.

Лондон испрати писмо до Советот за безбедност на ОН, како и до генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, нагласувајќи дека иранските сили пристапиле и го заплениле британскиот танкер додека бил во територијалните води на Оман, оценувајќи дека акцијата на Техеран „претставува илегално мешање“.

Би можело да ве интересира

Оставка на британска дипломатка во САД: Не сакам веќе да зборувам полувистини за Брегзит

Џонсон: Доверливиот владин документ за „Брегзит“ е глупост

Британски милијардер донираше еден милион фунти за изборната кампања на Џонсон

Ана Ололовска

САД: Во Иран моќно е да има и над илјада жртви во протестите

Ана Ололовска

Русија го суспендира проектот со Иран заради збогатениот ураниум

Џонсон: До крајот на 2020 година Велика Британија ќе склучи трговски договор со ЕУ