Иран: 10 починати од труење со алкохол, 240 на лекување

Од:

Најмалку десет лица починаа, а 240 се на лекување од труење со расипан алкохол во северозападната иранска провинција Азербејџан, јави државната новинска агенција на Иран.

Труењето се случило пред шест недели во градот Табриз.

Три лица ослепеле, а неколку се во кома.

Во октомври минатата година во јужниот дел на земјата од последици од труење со алкохол починаа 31 лице.

Конзумирањето алкохол во Иран се смета за грев, и според исламското право се казнува со парична казна и камшикување.

Би можело да ве интересира

Иран произведе сопствен ракетен систем, сличен на рускиот С-300

Иранскиот танкер го напушти Гибралтар

Медиуми: Израел и ОАЕ на тајни состаноци за Иран

Зариф: Пропадна обидот на САД за пиратство

Заробениот ирански танкер има дозвола да го напушти Гибралтар

Врховниот суд на Гибралтар нареди ослободување на иранскиот танкер „Грејс 1“