Ирак продолжува да го поддржува дијалогот меѓу Саудиска Арабија и Иран

Од:

Вршителот на должност премиер на Ирак Мустафа Ал Кадими рече дека неговата земја ќе продолжи да помага во дијалогот и приближувањето на позициите на Саудиска Арабија и Иран.

– Ирак придонесе за саудиско-иранското зближување и неколкуте разговори што се одржаа беа успешни и плодни, имаше големо приближување на позициите, рече Aл Кадими.

Од сите арапски земји, Ирак има најсилни врски со Иран.

Aл Кадими денеска на регионалниот самит во саудиското пристаниште Џеда изјави дека Ирак ќе работи на повеќе прашања поврзани со регионалниот мир и безбедност, како и економската соработка на земјите од Блискиот Исток.

Меѓу предлозите на Ирак е и формирање на Банка за развој на Блискиот Исток.

Ал Кадими на маргините на самитот се сретна со американскиот претседател Џозеф Бајден. Ал Кадими рече дека Ирак и САД имаат „стратешки и пријателски односи“ и му се заблагодари на американскиот претседател за помошта во борбата против терористичките групи.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Нападната е американска воена база во Ирак

Најмалку пет ракети истрелани од Ирак кон американската воена база во Сирија

Врховниот лидер на Иран: Покажавме моќ во нападот врз Израел

Орце Костов

ВИДЕО: Воздушен напад во Ирак, експлозии во база на проиранската милиција

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Иранската државна телевизија IRIB ги минимизираше извештаите за израелскиот напад

Иран: Немаше ракетен напад, соборивме израелски беспилотни летала

Горан Наумовски