Ирак: Немири на протестите во Багдад

Од:

Припадниците на безбедносните сили во главниот град на Ирак, Багдад, употребија солзавец и димни бомби за да ги растераат насобраните на годишнината од крвавите антивладини протести одржани на 1 октомври 2019 година.

Безбедносните сили се обидуваат да ги растераат демонстрантите кои се обидуваат да ги преминат бариерите на мостот на плоштадот Тахрир, во центарот на Багдад.

Група демонстранти возврати со фрлање камења.

Ирачките безбедносни сили ги затворија сите патишта и мостови кон Зелената зона.

На 1 октомври 2019 година започнаа антивладините протести во Багдад, кои брзо се проширија во јужните делови на земјата. Тогашната влада беше принудена да поднесе оставка. Повеќе од 600 луѓе загинаа во немирите за време на протестите.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Ирачкиот премиер прогласи тридневна жалост за жртвите од американските воздушни напади

(ВИДЕО) САД извршија одмазднички напади во Ирак и Сирија

Нападната американска база во Ирак, има и повредени

А1он

(ВИДЕО) Иран ги нападна Ирак и Сирија: Го уништивме шпионскиот штаб на ционистичкиот Мосад

Пет турски војници загинаа во напад на воена база

Горан Наумовски

Хезболах со дронови нападна американска база во Ирак, САД возвратија