Ирак бара помош од САД

Од:

Ирачкиот премиер, Нури ал Малики тајно побарал од администрацијата на американскиот претседател да ја разгледа можноста за воздушни напади против исламските екстремисти.

Како што пренесе „Њујорк тајмс“ на еден американски експерт, кој на почеток на годинава го посетил Багдад, му било речено дека ирачките лидери се надеваат на помош од американските воздухопловни сили против екстремистите во Ирак и дека тие би можеле да го спречат нивното влегување од Сирија.

„Вол стрит журнал“ повикувајќи се на неименувано истакнато американско официјално лице, наведе дека Ирак е подготвен да им дозволи на САД со беспилотни летала да ги гаѓаат позициите на екстремистите, кои што се поврзани со Ал Каеда.

-Не сакаме да навлегуваме во детали на нашите дипломатски разговори, но владата во Ирак јасно стави до знаење дека добро би им дошла наша поддршка, изјави портпаролката на Советот за национална безбедност на Белата куќа, Бернадет Мијан, пренесе „Ројтерс“.

Таа наведе дека САД од почеток на годинава во Ирак испратиле воена опрема и дека американската помош ќе продолжи и ќе се зголемува.

Сунитските бунтовници, припадници на движењето Исламска држава во Ирак и Левант (ИСИЛ), вчера го зазедоа Тикрит, родното место на поранешниот ирачки лидер Садам Хусеин и се приближија до најголемата ирачка рафинерија за нафта, со цел да продолжат со рушење на шиитската влада.

Инаку тие претходно го зазедоа и Мосул, кој што е втор по големина ирачки град на север на државата.

Е. Г.

Би можело да ве интересира

Њујорчани од денеска добиваат по сто долари ако се вакцинираат

Жарко Настоски

ВИДЕО: Четири жени ограбиле аптека во Сан Франциско и побегнале со украдените производи

Ана Ололовска

Бајден наложи строги правила за вакцинација за федералните службеници

Ана Ололовска

Масовно посетен фестивалот Лолапалуза во Чикаго, експертите загрижени поради ширењето на вирусот

Ана Ололовска

Работата од дома во САД ќе го зголеми економското производство за 160 милијарди долари

Ана Ололовска

Пелоси го нарече Мекарти „морон“ поради критиките за заштитните маски

Ана Ололовска

Leave a Comment

nine − two =