Ирачките сили го спречија напредокот на сунитските џихадисти кон север

Од:

Ирачките воени сили, поддржани од племенски борци го осуетија денеска обидот на сунитските џихадисти да ги прошират своите позиции во северниот дел на земјата, јави ДПА.

Жестоки судири избија меѓу владините сили и борците од групацијата Исламска држава во Ирак и Леват (ИДИЛ), кои се обиделе да го заземат градот Тел Афар, западно од Мосул, кој е веќе под нивна контрола.

Најмалку 18 бунтовници од ИДИЛ загинаа, а пет оклопни озила, кои припаѓаат на екстремистичката групација биле уништени во борбите, изјави претставник на силите за безбедност.

Според неофицијална информација во минофрлачки напад на борците од ИДИЛ во Тел Афар загинале десет цивили.

Во меѓувреме ИДИЛ, која зазеде голем дел од северен Ирак објави фотографии, на кои е прикажано како нејзините борци стрелаат десетици заробени ирачки војници.

На фотографиите, кои се објавени на сајтот на џихадистите и чија автентичност не е потврдена од независен извор, се гледаат борци од ИДИЛ како ги симнуваат заробениците од камиони, по што ги принудуваат да легнат на стомак во мал ров со заврзани раце. Потоа заробениците се прикажани застрелани, а нивната облека е извалкана со крв.

Под фотографиите е објавено дека убиствата се извршени како одмазда за смртта на командант од ИДИЛ.

Би можело да ве интересира

Врховниот лидер на Иран: Покажавме моќ во нападот врз Израел

Орце Костов

ВИДЕО: Воздушен напад во Ирак, експлозии во база на проиранската милиција

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Иранската државна телевизија IRIB ги минимизираше извештаите за израелскиот напад

Иран: Немаше ракетен напад, соборивме израелски беспилотни летала

Горан Наумовски

ABC News: Израелски проектили погодија локација во Иран

Нов состанок на воениот кабинет на Израел