Ирачките шиитски провладини милитантни групи денеска соопштија дека стигнале до позициите на „сојузничките курдски борбени линии“ западно од Мосул, со што бастионот на терористичката група Исламска држава е отсечен од останатите нејзини упоришта во Ирак и Сирија, јави ДПА.
Курдските сили исто така го потврдија тој податок. Тие веќе имаат контрола врз автопатот, што ги поврзува градот Тал Афар, кој е под контрола од џихадистите, и сириската граница.
Во средината на октомври ирачката војска, со поддршка од воздушни напади на меѓународната антиџихадиситчка коалиција предводена од САД, започнаа офанзива за ослободување на Мосул, втор поголемина град во Ирак, кој се уште е во рацете на ИД.