Ирачкиот премиер го прогласи 6 март за национален Ден на толеранцијата и коегзистенцијата

Од:

Премиерот на Ирак, Мустафа ал Кадими го прогласи 6 март за Ден на национална толеранција и коегзистенција. Одлуката уследи по средбата на папата Франциск со верскиот лидер на шиитските муслимани, ајатолахот Али ал Систани.

Ал Кадими на Твитер објави дека го слави разговорот на двата верски лидери и посета на папата на древниот ирачки град Ур. Тој потенцира дека двата настани се историски.

Првпат во историјата имаа средба поглавар на Католичката црква со ајатолах на шиитските муслимани.

На вториот ден од посетата на папата Франциск на Ирак, тој се сретна со ајатлахот Систани во муслиманскиот свет град Наџаф. По 55-минутната средба со Систани, папата Франциск се упати кон урнатините на античкиот град Ур, што се смета за роден град на Абрахам.

Предвидено е папата да се врати во Багдад, каде што денеска треба да ја води мисата во катедралата „Свети Јосиф“.

Систани е една од најважните фигури во шиитскиот ислам. Овој 90-годишник ретко одржува состаноци и одбива да разговара со ирачки актуелни и поранешни премиери. Систани се согласи да се сретне со папата, но без присуство на ирачки официјални лица.

Би можело да ве интересира

Ирачкиот премиер прогласи тридневна жалост за жртвите од американските воздушни напади

(ВИДЕО) САД извршија одмазднички напади во Ирак и Сирија

Нападната американска база во Ирак, има и повредени

А1он

(ВИДЕО) Иран ги нападна Ирак и Сирија: Го уништивме шпионскиот штаб на ционистичкиот Мосад

Пет турски војници загинаа во напад на воена база

Горан Наумовски

Хезболах со дронови нападна американска база во Ирак, САД возвратија