Ирачката армија воспостави контрола над Баиџи

Од:

Ирачките безбедносни сили ја презедоа контролата над градот Баиџи, еден од клучните индустриски центри во земјата, изјави министерот за нафта на Ирак, Абдел Керим ал Луејби.

Баиџи, во провинцијата Салах ел Дин вчера беше преземен од екстремистите од Исламската држава во Ирак и Левантот. Во Баиџи се наоѓа најголемата рафинерија за нафта во Ирак, која и покрај заземањето на градот од страна на екстремистите, беше под контрола на ирачките владини сили.

Ирачката воена команда денеска ги засили армиските контролни пунктови кон Багдад поради заканата од екстремистите по главниот град на Ирак. На улиците на Багдад има оклопни возила, а населението е вознемирено од веста дека екстремистите се на околу 100 километри од градот.

Портпаролот на Исламската држава во Ирак и Левантот, Абу Мохамед ал Аднани најави „почеток на поход кон главниот град на Ирак“.

Тој исто така се закани дека припадниците на групата ќе продолжат и кон јужниот дел, каде ќе бидат заземени двата свети шиитски муслимански града – Кербала и Наџаф.

Би можело да ве интересира

Бајден објави дека до крајот на годината завршува американската воена мисија во Ирак

Ана Ололовска

Ал-Кадими: Во Ирак веќе не се потребни американски војници за борбата против ИД

Ана Ололовска

Уапсени организаторите на атентатот на пазарот во Багдад пред Курбан Бајрам

Ана Ололовска

Со дрон нападната американска воена база во ирачки Курдистан, нема повредени

Ана Ололовска

Крвав напад на пазар во Багдад, дваесетина загинати

Ана Ололовска

ВИДЕО: Ново страдање во Багдад – бомба разнесе десетици луѓе кои пазаруваа за Курбан Бајрам

Жарко Настоски

Leave a Comment

20 + 20 =