Инвестициските можности на Македонија на светски конгрес за автомобилска индустрија

Од:

Инвестициските можности што ги нуди Македонија во автомобилската индустрија се претставени на светскиот конгрес за најновите случувања и перспективи во тој сектор, што се одржува во Детроит, од 15 до 17 јануари.

На конгресот, настан во пресрет на најважниот годишен автомобилски настан во светот North American International Auto Show (NAIAS), македонскиот штанд го претставија директорот на Дирекцијата за технолошко-индустриски развојни зони Виктор Мизо со неговиот тим и економскиот промотор во Детроит, Дејан Величков. Тие имаа средби со претставници на голем број компании со кои контактираат веќе подолго време, како и со компании присутни на економското претставување на Македонија од страна на Владата во ноември лани во Детроит.

– Присуството на државна институција од Македонија на конгресот беше позитивно оценето и од организаторот и од голем дел од учесниците кои го посочија ова како пример за држава која работи активно на промоција на можностите и привлекување странски инвестиции, соопшти Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони.

На конгресот во Детроит учествуваат над 1.000 делегати од производители на автомобили и водечки производители на компоненти за автомобилска индустрија од САД и светот. Презентации извршија претставници на Форд, Ауди, Крајслер, Хонда, Хјундаи и БМВ, како и глобални производители на компоненти како Денсо, Континентал, Магна, Џонсон Контролс, Брос и Борг Варнер. Беа презентирани и перспективите и глобалните трендови на индустријата во 2013 година. Освен Македонија, со свои штандови на конгресот се претставија и Канада, Англија и региони како Вирџинија и Луизијана.

Би можело да ве интересира

„Хјундаи“: Сите наши возила се со ист квалитет

Емир Латифовиќ

„Киа“ ги објави првите фотографии на новиот „Соренто“

Емир Латифовиќ

Доаѓа освежениот Citoren C3

Емир Латифовиќ

GMC отвора 2.600 работни места во Бразил

Емир Латифовиќ

Нов концепт од Honda наречен Gear

Емир Латифовиќ

Top Gear се враќа

Емир Латифовиќ