Инвестиции од 218 милијарди евра на Арктикот

Од:

Министерството за развој на рускиот Далечен исток и Арктикот очекува да се инвестираат 218 милијарди евра на Арктикот во текот на следните 15 години, како резултат на субвенциите обезбедени со стратегијата за развој на Арктичката зона на Русија до 2035 година, рече заменик министерот за развој Александар Крутиков.

– Само овие субвенции ќе обезбедат 218 милијарди евра приватни инвестиции на Арктикот во наредните 15 години, рече Крутиков.

Според него, стратегијата и сметките за субвенционирање, кои веќе се доставени до Државната дума, покажуваат широк спектар на даночни олеснувања, особено за производството на минерали.

Крутиков рече дека данокот за вадење минерали ќе изнесува околу пет отсто во рок од 15 години, почнувајќи од првото комерцијално производство.

Основата за државната политика на Русија во Арктикот до 2020 година е дефинирана со документ потпишан во 2008 година од тогашниот претседател на Руската Федерација Дмитриј Медведев.

На крајот на ноември годинава, Министерството за развој на рускиот Далечен исток и Арктикот соопшти дека е завршена работата на нацрт-стратегијата за развој на руската арктичка зона до 2035 година.

Би можело да ве интересира

Норвешка планира да понуди рекорден број блокови на Арктикот за истражување нафта и гас

Ана Ололовска

Климатолозите тврдат дека летниот мраз на Арктикот ќе исчезне до 2050 година

Ана Ололовска

СВЕТСАД ќе постават амбасадор за Арктикот поради зголемената руска воена активност

САД назначуваат специјален претставник за Арктикот

А1он

Студија: Арктикот не бил толку топол како денес повеќе од 7.500 години

Горан Наумовски

Велика Британија го зајакнува военото присуство на Арктикот

А1он