Инвазија на стаорци во Техеран

Од:

Главниот град на Иран е преплавен од огромни стаорци, кои можат да тежат и до пет килограми, а ги има двојно повеќе од жителите на Техеран.

Техеран од секогаш имал проблем со стаорците. Секоја пролет топењето на снегот од блиската планина Алборза предизвикува подземни поплави, кои стаорците ги протерува од нивните дупки. Во 2000 година градските власти спроведоа голема акција за труење на овие глодари, но тоа не го реши проблемот. Напротив, како да ги направило уште поотпорни.

Сега во градот со 12 милиони жители според проценките има речиси 25 милиони стаорци. Советникот за животна средина во градската управа Исмаил Кахрам изјавил дека „стаорците се поголеми и изгледаат поинаку, но за такви промени потребни се милиони години еволуција“.

Овојпат стаорците се убиваат со снајпери. Формирана е посебна единица од најпрецизни воени стрелци со опрема за ноќен лов. Но, досега успеале да убијат само околу 2.000 глодари.

– Тоа е војна која трае седум дена во неделата, 24 часа на ден. Преку ден ги труеме со хемиски отров, а навечер ги гаѓаме со снајпери, додаде советникот во градската општина Хади Хејдарзадех.

Би можело да ве интересира

Извештај на ОН: Иран е одговорен за насилството што доведе до смрт на Махса Амини

Горан Наумовски

Силен земјотрес го погоди Иран

Горан Наумовски

Ирански полковник загина во израелски воздушен напад врз сириски пристанишен град

Иран ги осуди последните напади на САД и Велика Британија врз Јемен

(ВИДЕО) Иран ги трие рацете; Хутите ја запленија американската „жолта направа“

Раиси: Иран ќе продолжи мирно да ја развива својата нуклеарна програма

Горан Наумовски