Интернет активистите ја продолжуваат борбата против контролата

Од:

Светските Интернет активисти по успешната борба против договорот АКТА се подготвуваат да се спротивстават на можните нови начини на ограничување на слободата во вид на проектот ИНДЕКТ.

ИНДЕКТ (Intelligent information system supporting observation, searching and detection for security of citizens in urban environment) е меѓународен истражувачки проект за системи за надзор, а Европската унија го финансира со 11 милиони евра, јави германското радио „Дојче веле“.

Проектот е покренат во 2009 година и во рок од пет години треба да разработи методите за предвидување на масовни паники, но и злосторства. За таа цел би требало да се користи видео-надзор и биометриски методи на распознавање лица, а можеби и беспилотни роботирани летала.

Со помош на овие технолошки направи јавниот простор би можел да се надгледува со цел да се пронајдат воочливи обрасци на однесување, кои не се целосно дефинирани, наведува германското радио.

Сомнителните лица така би можеле полесно да се пронајдат, а податоците за нив, доколку постојат, би можеле да се проверат во базата на податоци, а сето тоа како поддршка на државните органи за безбедност.

Германскиот блог „Netzpolitik.org“, кој ја покрена борбата против трговската спогодба против фалсификати АКТА, која доведе до тоа тоа Европскиот парламент во јули да ја отфрли, сега повторно повикува на масовни протести и отпор.

Протести против ИНДЕКТ веќе се одржани оваа недела во Германија, Белгија, Австрија, Чешка и Франција во организација на групата Анонимуси.

Немојте да седите и гледате како ни ги одземаат нашите основни права, порачаа членовите на групата Анонимуси во една снимка на Јутјуб.

Протестираме против ИНДЕКТ исто така како што на почетокот на годината протестиравме против АКТА, ги повика граѓаните и шефот на канцеларијата на Европската комисија за вселенски истражувања, безбедност и глобален надзор, Марко Малакарне.

Би можело да ве интересира

Тесла камион снимен без возач на автопат

Ана Ололовска

ВИДЕО: Вокменот слави 40-ти роденден

Ана Ололовска

ВИДЕО: Јапонски грамофон со тркалезен екран на себе

Ана Ололовска

Роботи кои ќе им помагаат на лица со попреченост

Ана Ололовска

ВИДЕО: Новата Нокиа ќе чини 112 долари

Ана Ололовска

Тај Брејди: Вештачката интелигенција нема да ги замени луѓето

Ана Ололовска

Leave a Comment

twelve + six =