Институтот Пастер најавува пик на бранот инфекции и хоспитализации поради сојот Омикрон

Од:

Францускиот институт Пастер овјави дека врвот на бранот инфекции со сојот Омикрон на коронавирусот ќе се случи до средината на јануари, по што ќе следи пик на приеми во болница во втората половина на јануари.

Француското Министерство за здравство вчера потврди дека во изминатите 24 часа се регистрирани повеќе од 278.000 нови инфекции, што е пад од 6 отсто во однос на една недела претходно и првиот пад на неделна основа оваа година. Истовремено, бројот на заболени од Ковид-19 во француските болници се зголемил за 888 за еден ден, вкупно 25.775, соопшти денеска француското Министерство за здравство. Тоа е најголемиот дневен број хоспитализирани од почетокот на ноември 2020 година, пред почетокот на кампањата за вакцинација. Денешните податоци на Министерството за здравство покажаа и дека по четири стабилни дена во последните 24 часа, бројот на заболени од коронавирус на одделенијата за интензивна нега се зголеми за 61, на вкупно 3.913.

Во меѓувреме, францускиот парламент даде конечно одобрување за најновите владини мерки за борба против Ковид-19, вклучително и воведување пропусници за вакцини, што доведе до демонстрации. Новиот закон, кој беше усвоен со големо мнозинство во францускиот парламент, при што опозициските партии велат дека некои одредби се премногу строги, ќе бара од граѓаните да покажат потврда за вакцинација за да влезат на јавни места како ресторани, кафулиња, кина и меѓуградски возови.

Во моментов, невакцинирани лица можат да влезат на такви места со резултати од негативен тест на Ковид-19 направен неодамна. Според извештаите на Министерството за здравство, во Франција речиси 78 отсто од населението е целосно вакцинирано.

Би можело да ве интересира

Научниците алармираат поради новата варијанта на Ковид-19

Горан Наумовски

Прва тужба во Германија поради последиците од вакцината против корона на Фајзер

Ана Ололовска

Кинески научник: Можно е пандемијата да започнала со истекување на вирусот од лабораторија

Ана Ололовска

СЗО прогласи крај на пандемијата на коронавирус

Ана Ололовска

Шефот на СЗО: Не можеме да знаеме како настанала короната додека Кина не ги објави своите податоци

Ана Ололовска

Се појавија нови информации за потеклото на короната: СЗО бара Кина да ги објави

Катерина Ѓуровски