Институт за статистички и економски студии со црни предвидувања за француската економија

Од:

Францускиот институт за статистички и економски студии (ИНСЕЕ) ги потврди црните предвидувања за француската економија. Епидемијата ќе тежи многу за економијата и шокот може да биде поголем од тој со финансиската криза од 2008, јави дописникот на МИА.

ИНСЕЕ не објави нови предвидувања за БДП, потврдувајќи ги своите предвидувања дека БДП за првото тримесечје ќе се намали за 12 отсто или на годишно ниво минусот ќе биде три отсто. Негативната тенденција ќе продолжи и во второто тримесечје.

Загубата на економските активности во земјата се проценети на 36 отсто. Најпогодено е хотелиерството и угостителството со 90 отсто и градежништвото со 88 отсто.

Истовремено Французите го стегнаа ременот и ја намалија потрошувачката за 35 отсто, откако претходно направија резерви, па сега трошат многу помалку од нормално.

Најпогодена е потрошувачката на гориво, продажбата на автомобили, како и на текстил. Односно потрошувачката е намалена за 92 отсто во сместувачката гранка, за 90 во градежништвото, 85 отсто во купувањето и одржувањето на автомобили итн. Но, затоа има зголемување на потрошувачката во енергијата и телекомуникацијата и прехранбените производи за 10 отсто.

Парцијалната невработеност достигна 6,9 милиони лица, што според ИНСЕЕ ќе се одрази на севкупната невработеност.

Би можело да ве интересира

Франција ќе ја зголеми безбедноста пред синагогите и верските училишта

Едно лице загина, а најмалку едно е рането во напад со нож во Бордо

Откриен е мистериозен тунел во близина на париски затвор

Макрон ќе испрати 1.500 војници во Украина до крајот на април

Горан Наумовски

Почина девојче во Франција кое беше силувано и истепано

Во Франција засилени безбедносни сили пред сите католички и протестантски цркви за време на Велигден