Индонезија: Забраната за секс надвор од брак не важи за туристите

Од:

Индонезиските бизнисмени се загрижени дека новиот закон ќе го намали бројот на туристи.

Неодамна донесениот кривичен закон во Индонезија со кој се забранува секс надвор од бракот нема да важи за туристите, велат властите.

Новите одредби од законот наречени „забрана за секс на Бали“ предвидуваат затворска казна до 12 месеци за интимни односи надвор од бракот, додека шестмесечна затворска казна се заканува за соживот пред брак.

Гувернерот на Бали, туристички центар, вели дека властите нема да го проверуваат брачниот статус на туристите.

Одредбите треба да стапат во сила за три години, но се очекуваат приговори за различни делови од законот.

Законот беше донесен по притисокот на верските водачи во Индонезија, земја со мнозинско муслиманско население.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Ерупција на вулкан во Индонезија, исфрлен облак од пепел висок два и пол километри

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Еруптираше голем вулкан во Индонезија: Лава тече и до седум километри наоколу

Ана Ололовска

Пожар во складиште за гориво во Индонезија – загинаа 16 лица, се трага по 16 исчезнати

Земјотрес со јачина од 5,5 степени во Индонезија

Горан Наумовски

Земјотрес со јачина од 6,3 степени ја погоди Индонезија

Предраг Петровиќ

Земјотрес со магнитуда од 6 степени според Рихтер го погоди островот Сулавеси во Индонезија

Ана Ололовска