Индонезија: Уапсени 36 екстремисти пред инаугурацијата на претседателот Видодо

Од:

Во Индонезија се уапсени 36 осомничени екстремисти, во пресрет на инугурацијата на претседателот Џоко Видодо, на која е планирано да присуствуваат лидерите на азиските земји, соопшти денеска полицијата.

Портпаролот на националната полиција Деди Прасетјо изјави дека лицата се уапсени во текот на минатата недела во осум провинции, по добиените дојави за можни напади врз полицијата и верските места.

Американскикте медиуми потсетуваат дека две лица минатата недела беа уапсени заради напад со нож врз индонезискиот министер за безбедност.

Прасетјо наведе дека 31.000 припадници на безбедносните сили ќе бидат распореднеи во престолнината Џакарта во текот на цермонијата на инугурација на претседателот Видодо во парламентот.

На претседателските избори во април Видодо освои 55,5 отсто од гласовите на избирачите.

Би можело да ве интересира

Индонезија: Една минута во мртовечки ковчег за неносење маска

Ана Ололовска

Во Индонезија почна тестирањето на кинеска вакцина за коронавирус

А1он

Ерупција на вулканот Синабунг во Индонезија

А1он

Индонезија ја престигна Кина по бројот на случаи на Ковид-19

А1он

Најмалку 16 загинати во поплавите во Индонезија, стотици евакуирани

Ана Ололовска

Земјотрес од 6,6 степени во Индонезија

Ана Ололовска