Индонезија: Евакуирани 2.800 луѓе поради ерупција на вулкан

Од:

Вулкан во источниот дел на Индонезија, кој вчера се активира, исфрлајќи пепел на височина од 4.000 метри, го принуди локалното население на евакуација.

Околу 2.800 луѓе од најмалку 28 села во близина на вулканот Или Левотолок се евакуирани, соопшти Министерството за вонредни ситуации, а не е забележан ниту еден случај на загинат или повреден.

Издадено е соопштение авионскиот сообраќај да биде пренасочен во таа област, а локалниот аеродром е затворен бидејќи пепелта паднала врз аеродромската зграда и пистата.

Ерупциите на вулканот Или Левотолок, кој е висок 5.423 метри и е еден од 120 активни вулкана во Индонезија, започнаа од октомври 2017 година.

Би можело да ве интересира

Вулкан еруптираше пет пати за 24 часа: Се прават итни подготовки за евакуација на 10.000 луѓе

ВИДЕО: Еруптираше вулкан во Индонезија, стотици евакуирани

Катерина Ѓуровски

Еруптираше вулкан на Исланд, локалното население е евакуирано

Горан Наумовски

Двајцата пилоти заспале за време на лет во Индонезија, во авионот имало 153 патници

ВИДЕО: Колапс во Индонезија, евакуирани 70 илјади луѓе

Катерина Ѓуровски

Евакуирана Сината Лагуна, се очекува ерупција на вулкан на Исланд

А1он