Индонезија: Еруптираше вулканот Мерапи

Од:

Вулканот Мерапи, сместен на островот Јава во Индонезија, денеска еруптираше на густо населениот остров, исфрлајќи чад и пепел и лава по падината, пренесува Анадолија.

Планината Мерапи испушти облаци од жешка пепел најмалку седум пати од изутрината, рече Ханик Хумаида од Технолошкиот и истражувачки центар за геолошки катастрофи (БППТКГ). – Пепелта зафати неколку села и блиски градови, додаде таа.

Во последните недели е забележана зголемена вулканска активност на планината, поради што властите апелираа до локалните жители да останат пет километри од кратерот.

Индонезиската агенција за геологија и вулканологија соопшти дека граѓаните треба да бидат свесни за опасноста што ја носи лавата.

Вулканот на висина од 2.968 метри се наоѓа на густо населениот остров Јава во близина на древниот град Јогјакарта. Тој е најактивниот од десетиците индонезиски вулкани и неодамна еруптираше неколку пати.

При ерупцијата на тој вулкан 2010 година загинаа 347 луѓе.

Би можело да ве интересира

Вулкан еруптираше пет пати за 24 часа: Се прават итни подготовки за евакуација на 10.000 луѓе

ВИДЕО: Еруптираше вулкан во Индонезија, стотици евакуирани

Катерина Ѓуровски

Лавата по ерупцијата на вулкан на Исланд стигна до источната одбрана на Гриндавик

Горан Наумовски

Двајцата пилоти заспале за време на лет во Индонезија, во авионот имало 153 патници

ВИДЕО: Колапс во Индонезија, евакуирани 70 илјади луѓе

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Нова вулканска ерупција на Исланд

Катерина Ѓуровски