Тринаесет лица загинаа, а осум се повредени на индонезискиот остров Јава, откако воз удри во камион, пренесуваат локалните медиуми.
Несреќата се случила во провинцијата Западна Јава, кога воз налетал на камион кој бил паркиран на железнички премин.
Во моментот на несреќата во камионот се качувале луѓе кои испраќале членови од своите семејства на аџилак во Саудиска Арабија, објави весникот „Јава пост“, пренесе агенција„ ДПА“.
Елена Георгиевска