Индиските власти фатија маж како шверцува крпи натопени во течно злато

Од:

Индиец е фатен во обид да прошверцува крпи за капење натопени со злато од Дубаи во својата татковина, пренесе ДПА.

Царинските власти во јужната провинција Керала се посомневале кога во багажот на мажот пронашле влажни крпи за капење. Пронајдени биле пет крпи. Останува нејасно колку злато е запленето, објави „Тајмс оф Индија“.

Според индиските власти, шверцерите со злато стануваат покреативни и се поуспешни.

Голем дел од златото во Индија се увезува и луѓето често се обидуваат да го прошверцуваат за да ги избегнат царинските такси.

Богатите хинду луѓе често им нудат злато на боговите во хинду храмовите. Многу Индијци, исто така купуваат злато за да донесат среќа за одредени празници, како што е Дивали, претстојниот петдневен фестивал на светлата.

Жените често добиваат златен накит и на денот на нивната венчавка, што може да обезбеди финансиска сигурност кога семејствата ќе паднат во тешки времиња.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Уапсени македонски и српски државјани во Солун, откриени над 21 килограм накит и злато во нивните возила

Османи во Њу Делхи се сретна со потпретседателот на Индија, Дханкар

(ВИДЕО) Бес во Индија поради снимка: Наставничка ги тера децата да тепаат соученик муслиман

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Се урна скеле во Индија, најмалку 26 работници загинаа

(ВИДЕО) Историски подвиг за Индија: Вселенското летало слета на Месечината

Катерина Ѓуровски

ВО ЖИВО: Индиското летало се обидува да се спушти на Месечината

Катерина Ѓуровски