Индиските фирми годишно губат 95 милијарди долари поради загадениот воздух

Од:

Токсичниот воздух што ги задушува индиските градови и убива стотици илјади луѓе, исто така носи огромен економски товар за компаниите во земјата, кој изнесува околу 95 милијарди долари годишно, покажуваат анализите на истражувачи кои ги повикаа фирмите да водат сметка за загадувањето.

Аерозагадувањето ги скратува животите ширум светот во просек за речиси три години и предизвикува годишно милиони предвремени смртни случаи. Индија е една од најпогодените земји, со многу региони кои честопати се наоѓаат во смог од штетни честички.

Студијата Global Burden of Disease, објавена во угледното медицинско списание „Лансет“ проценува дека загадувањето предизвикало околу 1,7 милиони предвремени смртни случаи во Индија во 2019 година, што е речиси 18 проценти од сите смртни случаи во земјата.

Врз основа на ова, новата анализа на консултантската фирма Dalberg Advisors откри дека отсуството од работа заради загадувањето, загубата на продуктивноста, намаленото трошење на потрошувачите и на туристите, ги чини индиските бизниси 95 милијарди долари годишно, што е околу три проценти од бруто домашниот производ на земјата.

– Чистиот воздух е предуслов за бизнисот да напредува. Лидерите во индустријата треба да станат поборници во движењето за почист воздух, изјави директорот за Азија во Далберг, Гаурав Гупта.

Изгубените работни години од стотиците илјади предвремени смртни случаи се проценува дека ја чинеле индиската економија 44 милијарди долари во 2019 година, се вели во извештајот, подготвен по нарачка на Clear Air Fund.

Освен тоа, Dalberg Advisors нагласува дека влијанието на загадувањето врз здравјето на индиските работници значи дека им се потребни 1,4 милијарди денови годишно за боледувања, што според нив претставува изгубен приход од околу шест милијарди долари.

Би можело да ве интересира

Четири деца загинаа, 12 се повредени во сообраќајна несреќа во Индија

Засега тројца уапсени за брутално силување на шпанската блогерка Фернандa

(ВИДЕО) Шпански блогерски пар нападнат во Индија: Ме силуваа седуммина

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Товарен воз во Индија помина 70 киломентри без машиновозач

(ВИДЕО) Тешка несреќа во Индија: Трактор полн со луѓе падна во езеро, најмалку 23 мртви, меѓу нив и деца

Индија: Најмалку 15 аџии загинаа кога се преврте трактор со приколка