Индискиот Врховен суд ја потврди блокадата на Кашмир

Од:

Индискиот Врховен суд, кој ја разгледуваше петицијата за итно повлекување на големите рестрикции што Владата во Њу Делхи му ги наметна на Кашмир, соопшти дека безбедносната блокада врз овој регион со специјален статус треба да биде продолжена, јави ДПА.

Судот наведува дека ситуацијата во Кашмир е „чуствителна“ и дека на Владата и треба време да се избори со неа.

-Ситуацијата е динамична и се менува секој ден. Ја разгледуваме ситуацијата и чекор по чекор ги укинуваме рестрикциите, изјави државниот обвинител КК Венугопал пред Врховниот суд.

Главниот град на овој регион, Шрингар, е претворен во огромен лавиринт од бодликава тел и челични барикади, додека улиците се надлетувани од беспилотни летала и хеликоптери.

Иако четирите милиони жители на долината Кашмир се навикнати на блокади, пред се, поради деценискиот вооружен судир, оваа актуелна блокада е нешто што, самите жители велат, никогаш не ја виделе и почуствувале.

Заради лавиринтите, чии влезови и излези често пати се менуваат, луѓето се дезиорентирани и имаат проблеми да ги запомнат измените.

-Целиот град е проткаен со бодликава тел за да се обезбеди нашето молчење и послушност, за американските медиуми изјави Замер Ахмет, жител на Кашмир.

Засега не е познато колку овие рестриции ќе траат, а Венугопал наведува дека станува збор за денови и месеци.

Денеска изминува деветиот ден од блоката на Кашмир, откако луѓето мораа да останат во своите домови. На жителите полека почнува да им фалат основни намирници, пред се, заради континуираниот полициски час и блокадата на комуникациите.

Би можело да ве интересира

Четири деца загинаа, 12 се повредени во сообраќајна несреќа во Индија

Засега тројца уапсени за брутално силување на шпанската блогерка Фернандa

(ВИДЕО) Шпански блогерски пар нападнат во Индија: Ме силуваа седуммина

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Товарен воз во Индија помина 70 киломентри без машиновозач

(ВИДЕО) Тешка несреќа во Индија: Трактор полн со луѓе падна во езеро, најмалку 23 мртви, меѓу нив и деца

Индија: Најмалку 15 аџии загинаа кога се преврте трактор со приколка