„Индипендент он сандеј“: Иран одлучил во Сирија да испрати 4.000 гардисти

Од:

Иран одлучил, како помош на силите на сирискиот претседател Башар ал Асад, во Сирија да испрати 4.000 војници на Корпусот на гардата на Исламската револуција, соопшти на својот сајт весникот „Индипендент он сандеј“.

Од свои „проирански извори, кои се силно посветени на безбедноста на Исламската република“, весникот дознал дека во Иран е донесена воена одлука во Сирија да се испрати првиот контингент од 4.000 војници на Корпусот на гардата на Исламската револуција како помош на силите на претседателот Башар ал Асад, борејќи се главно против сунитското востание.

Конфликтот за две години одзеде речиси 100. 000 човечки животи. „Индипендент он сандеј“ забележува дека одлуката е донесена уште пред оддржувањето на претседателските избори во Исламската република.

Според изворите на весникот, „Иран сега е целосно ангажиран со зачувувањето на режимот на Асад, а својата одлучност ќе ја покаже и со тоа што ќе предложи да се отвори нов сириски фронт на Голанската висорамнина против Израел“.

Одлуката на Вашингтон да ги вооружа сириските бунтовници сунити ги вовлече САД во големиот конфликт сунити – шиите во исламскиот Блиски исток, дополнува „Индипендент он сандеј“.

Британскиот весник забележува дека за прв пат „пријатели“ на САД во регионот се муслимани сунити, а сите нејзини непријатели се муслимани шиити.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Иранската државна телевизија IRIB ги минимизираше извештаите за израелскиот напад

Иран: Немаше ракетен напад, соборивме израелски беспилотни летала

Горан Наумовски

ABC News: Израелски проектили погодија локација во Иран

Нов состанок на воениот кабинет на Израел

Иран: Следниот напад ќе биде за неколку секунди

Катерина Ѓуровски

Израел потврди дека ќе се одмазди, раздор во кабинетот на Нетанјаху

Катерина Ѓуровски