Индијците со свеќи на балконите го „осветлуваа мракот на коронавирусот“

Од:

Милиони Индијци вечерва ги угаснаа светлата во своите домови и излегоа на балконите држејќи  ламби и свеќи, одзивајќи се на повикот од премиерот Нерендра Моди за да го „осветлат мракот на коронавирусот“.

Моди, коj минатиот месец воведе тринеделна забрана за движење во целата држава, побара од граѓаните да ги изгаснат светлата на девет минути до девет часот и да ги запалат ламбите и свеќите во знак на солидарност.

Луѓето од целата држава ги изгаснаа светлата, а некои од нив фрлаа петарди, свиреа на тапани и скандирале пароли против коронавирусот.

Во некои градови, како Мумбај и Њу Делхи, граѓаните стоеле на терасите и пееле патриотски песни.

Во Индија има 3.777 случаи на заболени од Ковид – 19, од кои 83 се со смртни последици. Властите се загрижени дека здравствениот систем може да биде преплавен од заболени и дека вирусот може да се прошири во државата која има над 1,3 милијарди жители.

 

Би можело да ве интересира

Четири деца загинаа, 12 се повредени во сообраќајна несреќа во Индија

Засега тројца уапсени за брутално силување на шпанската блогерка Фернандa

(ВИДЕО) Шпански блогерски пар нападнат во Индија: Ме силуваа седуммина

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Товарен воз во Индија помина 70 киломентри без машиновозач

(ВИДЕО) Тешка несреќа во Индија: Трактор полн со луѓе падна во езеро, најмалку 23 мртви, меѓу нив и деца

Индија: Најмалку 15 аџии загинаа кога се преврте трактор со приколка