Индија воведува царини за некои американски производи

Од:

Владата на Индија ќе воведе увозни царини за некои американски стоки, а одлуката стапува во сила утре, неколку денови пред посетата на американскиот државен секретар Мајк Помпео на Њу Делхи.

Најверојатно тоа е одговор на неодамнешната одлука на претседателот на САД, Доналд Трамп, да ја исклучи Индија од некои трговски преференци, пишува „Волстрит Џурнал“.

-Индиските власти негираат дека ова е реципрочна мерка, изјавил за весникот индиски официјален претставник.

Односите меѓу САД и Индија се заострија откако администрацијата на Трамп во јуни 2018 година воведе царини за увоз на индиски челик и алуминиум.

Како одговор, Њу Делхи објави дека ќе воведе царини во висина и до 120 отсто, на увоз на американски производи во вредност од 220 милиони долари како ореви, јаболка, мигдал и грав.

Индија сепак го одложи воведувањето на царините за една година со надеж дека САД ќе се предомислат.

Би можело да ве интересира

Рјабков: Русија ќе го натера Вашингтон да стресе и да замолчи

Америка потврди: Им дадовме зелено светло, можат да нападнат

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Чувар на американската амбасада во Осло уапсен под обвинение за шпионажа

Горан Наумовски

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот