Индија воведува царини за 29 прехрамбени производи од САД

Од:

Индија одлучи да воведе царини за 29 американски производи откако САД одлучија да го укинат нивниот привилегиран статус во трговијата, објавија индиските медиуми.

Се очекува дека овие тарифи ќе бидат воведени следната недела и ќе удрат одредени видови производи, како што се лешници, бадеми и јаболка, според неименувани извори.

Пред една година, Индија ја објави својата намера да воведе тарифи за 30 американски производи вредни 240 милиони долари како одговор на тарифите на САД за увоз на челик и алуминиум од Индија.

Сепак, Индија го одложи воведувањето на овие царини неколку пати од првичната најава, а сега крајниот рок за воведување истекува на 16-ти јуни.

Претходно овој месец, САД го укинаа привилегираниот статус на Индија како земја во развој, наведувајќи го нејзиниот неуспех да го убедат Вашингтон дека ќе обезбеди правичен и соодветен пристап до својот пазар.

Како одговор на изјавата на САД, Министерството за трговија на Индија во тоа време инсистираше дека ќе продолжи да ги зајакнува врските со администрацијата во Вашингтон и покрај таа одлука.

Би можело да ве интересира

Стејт департментот потврди дека ќе стави вето на приемот на Палестина во ОН во Советот за безбедност

Горан Наумовски

Белата куќа се противи на палестинската државност

Џонсон: Путин ќе продолжи да маршира низ Европа, Балканот може да биде следен

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Едно лице загина откако цистерна со нафта експлодира на автопат во Алабама

САД одделно ќе гласа за помош на Украина и Израел, републиканците на Трамп се закануваат

Спектакуларно бегство на затворен од САД