Индија успешно тестираше антисателитско оружје

Од:

Индија успешно го тестира оружјето против сателитите, покажувајќи го капацитетот на државата како „вселенска сила“, изјави денеска премиерот на Индија, Нарендра Моди.

Моди наведе дека индиските научници претходно уништиле сателит во ниската земјина орбита, со што ја демонстрирале способноста на Индија како „свемирска сила“ покрај САД, Кина и Русија.

Опозициската лидерка Мамата Банерје рече дека поради тестирањето на антисателитското оружје ќе поднесе жалба против премиерот на изборната комисија, бидејќи тие информации ги објавил за да добие политички поени пред изборите.

Таа рече дека во прашање е грубо кршење на изборните правила на однесување.

Изборите во Индија се закажани за 11 април 2019 година.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Пожар избувна во индиската фабрика за iPhone

Горан Наумовски

Голем број мртви и повредени од експлозија во фармацевтска фабрика во Индија

Индија: Бројот на жртви од лизгање на земјиштето се искачи на 151, додека 187 се исчезнати

Заврши најскапата свадба на светот: Веселбите траат од март

Индија: 34 лица починаа, а 80 завршија во болница откако пиеле отровен алкохол

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Се судрија возови во Индија, најмалку 15 загинати