Температурите во северните делови од Индија се над 50 степени Целзиусови, при што во Раџастан се измерени 50,6 степени Целзиусови.
Целиот регион е погоден од топлотен бран, со температури кои во изминатите денови надминуваат 47 степени.
Во мај 2016 година во Раџастан беше измерена највисоката температура во Индија од 51 степен.
Индискиот метеоролошки институт соопшти дека топлиот бран ќе се задржи една недела во државите Раџастан, Махараштра, Мадхја Прадеш, Пенџаб, Харјана и Утар Прадеш. Веќе се регострирани неколју жртви од топлотниот бран. Во Њу Делхи веќе неколку дена температурата е над 47 степени Целзиусови поради што објавено црвено ниво на метео аларм. Земјоделците добиваат вода секој трет ден за добитокот, јавуваат локални медиуми.