Индија ќе предложи закон за забрана на приватни крипто-валути

Од:

Долниот дом на индискиот Парламент ги објави плановите за нацрт-закон што ќе спречи функционирање на сите „приватни крипто-валути“ во земјата. Ова исто така важи и за популарните крипто-валути, како што е Биткоин. Наместо тоа, парламентот сака да предложи подготовка на рамка што ќе овозможи создавање на официјални дигитални пари, под покровителство на Банката на Индија, информираат од српскиот „ПС Прес“.

Индија ги отфрли крипто-валутите како законско средство за плаќање уште во 2018 година и препорача забрана за постојните дигитални пари со затворски казни до 10 години за прекршителите. Тогаш, централната банка тврдеше дека валутата не е реална. Врховниот суд ја смени таа одлука во 2020 година и дозволи трговија со крипто-валути.

Според „ПС Прес“, официјална крипто-валута ќе ѝ даде на државата поголема контрола што го ограничува странското влијание, но исто така ќе обезбеди стабилност на крипто-валутата што сега е врзана за конвенционалните пари. Цените на Биткоин и другите крипто-валути имаат големи флуктуации и се склони кон манипулација, што би се избегнало со издавање на „државна“ крипто-валута.

Предлогот ќе биде презентиран на следната прва седница на индискиот Парламент.

Би можело да ве интересира

Четири деца загинаа, 12 се повредени во сообраќајна несреќа во Индија

Засега тројца уапсени за брутално силување на шпанската блогерка Фернандa

(ВИДЕО) Шпански блогерски пар нападнат во Индија: Ме силуваа седуммина

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Товарен воз во Индија помина 70 киломентри без машиновозач

(ВИДЕО) Тешка несреќа во Индија: Трактор полн со луѓе падна во езеро, најмалку 23 мртви, меѓу нив и деца

Индија: Најмалку 15 аџии загинаа кога се преврте трактор со приколка