Индија ќе конфискува имоти на економски престапници кои ја напуштиле земјата

Од:

Индиската Влада усвои предлог-закон со кој се овозможува конфискување имот, главно недвижности, на лица кои се обвинети за економски криминал и кои ја напуштиле земјата.

Властите донеле таква одлука на денешната седница, предводена од премиерот Нарендра Моди. Предлог-законот за да стапи во сила прво треба да биде одобрен од претседателот на државата Рам Нат Ковинд.

Предвидено е конфискуваните имоти да се стават на продажба.

Денешната одлука е поттикната од делото кое се води против „кралот на дијамантите“ Нирав Моди, сопственик на компанија за накит од Мумбај. Тој побегна на почетокот на годинава, кога против него е покрената судска постапка за измама и перење на пари во износ од околу две милијарди долари.

Би можело да ве интересира

Засега тројца уапсени за брутално силување на шпанската блогерка Фернандa

(ВИДЕО) Шпански блогерски пар нападнат во Индија: Ме силуваа седуммина

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Товарен воз во Индија помина 70 киломентри без машиновозач

(ВИДЕО) Тешка несреќа во Индија: Трактор полн со луѓе падна во езеро, најмалку 23 мртви, меѓу нив и деца

Индија: Најмалку 15 аџии загинаа кога се преврте трактор со приколка

Пет лица загинаа во пожар во индиска фабрика за парфеми, девет се водат како исчезнати