Индија ја обвинува пакистанската тајна служба дека земјата ја преплавила со лажни пари

Од:

Индија од оптек ги исфрли бенкнотите во поголеми апоени во обид да ја блокира циркулацијата на лажни пари, со кои е преплавена земјата. Со нив, се тврди, се финансираат терористички организации.

Индиските медиуми цитираат неиуменувани индиски функционери кои го обвинуваат Пакистан за користење на дипломатски канали во Непал, Бангладеш и други земји за внесување и дистрибуција на пратки со лажни индиски банкноти во Индија.

Тие, меѓутоа, тврдат дека пакистанската разузнавачка служба (ИСИ) ги креирала лажните банкноти и пренесува изјави од свои извори дека ИСИ превезувала лажни банкноти преку државната авио-компанија ПИА или преку дипломатски пратки преку нејзините мисии во Дубаи, Куала Лумпур, Хонг Конг и Доха.

Пакистан, се уште, не одговори на обвинувањата, пишува Спутњик на англиски јазик.

Пакистан, инаку, во минатотот веќе беше обвинуван за злоупотреба да дипломатските канали за доведување и дистрибуција на лажни индиски пари во Бангладеш.

Кон крајот на 2015 година пакистанскиот дипломат Фарина Аршад беше повлечен од службата во странство откако една милитантна организација од Бангладеш сооошти и тврдеше дека тој имал врски со неа.

Во јануари 2015 година, аташето во конзуларното одделение на пакистанската мисија во Дака беше протеран откако бангладешката разузнавачка служба го обвини за дистрибуција на лажни пари и финансирање терористички организации.

Би можело да ве интересира

Уапсен Индиец кој со цијанид убил 10 лица

Еден загинат, 14 повредени во напад во Кашмир

Ана Ололовска

Загадувањето на воздухот во Њу Делхи на опасно ниво

Ана Ололовска

Германија ќе потроши една милијарда евра за проекти во Индија

Ана Ололовска

Во Пакистан исламистичката партија бара оставка од премиерот

Ана Ололовска

Пакистанската опозиција бара оставка од премиерот Кан