Индија и Кина меѓусебно се обвинуваат за кревање на тензиите на границата кај Ладак

Од:

Индија и Кина продолжуваат меѓусебно да се обвинуваат за вооружените провокации во време на конфронтацијата за спорната гранична зона во провинцијата Ладак, во западните Хималаи, пренесуваат британските медиуми.

Воените единици на двете нуклеарни сили се распоредени едни против други уште од јунскиот директен вооружен судир, кога беа убиени 20 индиски војници, додаваат британските меидуми.

Кина соопшти дека индиските сили ја преминале неформалната гранична линија во јужниот дел на езерото Пангонг Ѕо, каде тензиите растат со недели.

-Индиските сили испукаа предупредувачки истрели во насока на кинеската гранична патрола која им се приближуваше со намера да преговараат. Кинеските сили беа принудени да преземат контрамерки со цел да ја стабилизираат ситуацијата, изјави кинескиот воен портпарол.

Иако од јуни се одржаа бројни консултации и дипломатски состаноци во врска со тензиите во Ладак, речиси и да нема напредок.

Индија соопшти дека нејзините сили се мобилизирани за да ја одвратат кинеската армија чии движења укажуваат на намерата да се окупира дел од Ладак, за кој Индија смета дека е нејзина територија, соопштија индиските власти.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Големи поплави во Кина, повеќе од 50.000 луѓе се раселени

Горан Наумовски

Кина жестоко го критикуваше Израел, но не ги спомна иранските напади

Горан Наумовски

Силен земјотрес го погоди регионот на Синџан во Кина

Кина ја погоди земјотрес со јачина од 5,5 степени според Рихтеровата скала

Четири деца загинаа, 12 се повредени во сообраќајна несреќа во Индија

(ВИДЕО) Во Кина: Експлозија на гас во ресторан, две лица загинаа, 26 се повредени

Горан Наумовски