Индија го откажа гласањето во јужниот дел на државата поради „купување гласови“

Од:

Индиските изборни власти го откажаа гласањето во јужниот дел на земјата откако заплениле повеќе од 110 милиони рупии (1,5 милиони долари) за кои смета дека требало да влијаат на исходот, објавија официјални претставници.

Ова е првпат гласањето да биде откажано на националните избори поради обид за купување гласови. Индијците гласаат на национални избори што се одржуваат во текот на неколку фази, од кои следната ќе започне утре.

Меѓутоа, гласачите во округот Велор во приморската држава Тамил Наду нема да излезат на гласање, како што беше предвидено откако Државната изборна комисија одлучи дека постојат сомневања за „систематски обиди за влијание врз гласачите”.

Одлуката дојде откако властите запленија повеќе од 110 милиони рупии од кандидат за време на изборите. Комисијата денеска соопшти дека околината во Велоре повеќе не е погодна за „слободни и етички” избори. Не е објавен нов датум за гласање во изборната единица.

Избирачите од речиси 100 изборни единици во 13 држави вчера излегоа на гласање во вториот круг од седум-фазните избори, што започнаа на 11 април.

Речиси 900 милиони гласачи имаат право да гласаат за да изберат 543 членови во Долниот дом на парламентот, а резултатите се очекуваат на 23 мај.

Би можело да ве интересира

Грузиската Централна изборна комисија ги објави конечните изборни резултати, опозицијата продолжува со протестите

Граѓаните не сакаат предвремени парламентарни избори, вели Мицкоски

Филипче: Ние сме подготвени за избори, ќе настапиме многу организирано и многу поуспешно

Објавени се конечните резултати од изборите во Подгорица

Проруската владејачка партија прогласи победа во Грузија, опозицијата излегува на протести

Предраг Петровиќ

Бугарите викендов одат на седми предвремени избори во последните четири години, неизвесно е кој ќе биде иден мандатар