Индија дури во октомври ќе почне да извезува вакцини против Ковид-19

Од:

Индија најверојатно нема да извезува вакцини против Ковид-19 до октомври, бидејќи сè пренасочува за домашна употреба, соопштија денеска тројца неименувани владини извори.

Индискиот институт за серуми (СИИ), најголемиот светски производител на вакцини, кој ја произведува вакцината на Астра Зенека, се надева дека до крајот на годината ќе почне со испораки во други земји и програмата КОВАКС за сиромашните земји.

– Нагласуваме дека никогаш не сме ја извезувале вакцината на штета на индискиот народ и дека ќе се потрудиме да вакцинираме што повеќе луѓе во земјата, се наведува во соопштението на СИИ.

Индија соочена со пораст на бројот на новозаболени луѓе, пред еден месец го стопира извозот на вакцини против Ковид-19, откако донираше или продаде повеќе од 66 милиони дози. Во Индија со Ковид-19 се инфицирани над 25 милиони луѓе и секој ден се регистрира рекорден број на пациенти.

Светска здравствена организација (СЗО), која управува со КОВАКС, вчера упати апел до другите земји да го интензивираат производството на вакцини против Ковид-19 со цел да се надоместат вакцините од Индија.

Би можело да ве интересира

Четири деца загинаа, 12 се повредени во сообраќајна несреќа во Индија

Засега тројца уапсени за брутално силување на шпанската блогерка Фернандa

(ВИДЕО) Шпански блогерски пар нападнат во Индија: Ме силуваа седуммина

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Товарен воз во Индија помина 70 киломентри без машиновозач

(ВИДЕО) Тешка несреќа во Индија: Трактор полн со луѓе падна во езеро, најмалку 23 мртви, меѓу нив и деца

Индија: Најмалку 15 аџии загинаа кога се преврте трактор со приколка