Индија демантира дека премиерот Моди го замолил Трамп да посредува во конфликтот во Кашмир

Од:

Индија демантира дека премиерот Наренда Моди побарал од американскиот претседател Доналд Трамп да посредува во долгогодишниот конфликт со Пакистан за Кашмир, пишува Си-Ен-Ен.

Индиското Министерство за надворешни работи соопшти дека „не упатило такво барање“, додавајќи дека сите прашања со Пакистан се „ само билатерално разгледувани”.

Тврдењето на Трамп дека бил замолен за помош дојде откако тој во Белата куќа му беше домаќин на премиерот на Пакистан, Имран Кан.

И Индија, и Пакистан, претендираат на целиот Кашмир, но контролираат само делови од него.

Соседите досега водеа две војни за територијата со муслиманско мнозинство, а во февруари годинава тензиите повторно се засилија, што доведе до прекугранични воздушни напади.

Кога Имран Кан беше запрашан дали САД би можеле да помогнат во надминување на 70-годишниот спор меѓу Индија и Пакистан во Кашмир, тој кажа: „Само најмоќната држава, предводена од претседателот Трамп, може да ги собере двете земји на маса“.

Потоа Трамп додаде „ пред две недели бев и со премиерот Моди и зборувавме за оваа тема и тој всушност ме праша дали би сакал да бидам медијатор или арбитер.“

-Прашав, каде?, а тој ми одговори – Кашмир, затоа што тоа трае многу, многу години.

Пакистан го поздравува посредништвото на трета страна во Кашмир, додека Индија е со ставот дека сите прашања треба да се решат само билатерално.

Индија веднаш реагираше на изјавата на Трамп.

-Ги видовме белешките на (Трамп) печатот, нема такво барање, напиша на Твитер Равиш Кумар, портпарол на индиското Министерство на надворешни работи.

„Континуираната позиција на Индија е дека сите нерешени прашања со Пакистан се разгледуваат само билатерално“.

Би можело да ве интересира

Рјабков: Русија ќе го натера Вашингтон да стресе и да замолчи

Америка потврди: Им дадовме зелено светло, можат да нападнат

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Чувар на американската амбасада во Осло уапсен под обвинение за шпионажа

Горан Наумовски

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот