„Индепендент“: Синот на Осама бин Ладен веројатно е мртов

Од:

Синот на лидерот на Ал Каеда, Осама бин Ладен и негов наследник во терористичката организација, Хамза бин Ладен е мртов, покажуваат разузнавачки информации на САД, пишува британскиот весник „Индепендент“.

Официјални претставници на американската администрација се уште ја немаат потврдено оваа информација, ниту е познато дали службите на САД имаат нешто со неговата смрт.

Хамза бин Ладен последен пат се појави во јавност минатата година во видео во кое ги повика луѓето на Арапскиот полуостров на востание, и во исто време и се закани на Саудиска Арабија. Земјата му го одзеде државјанството во март, кога американскиот Стејт департмент објави награда од еден милион долари за информација која би можела да доведе до откривање на локацијата каде се наоѓа.

Хамза, за кој се претпоставува дека има околу 30 години, блиску соработуваше со татко му во Авганистан пред терористичките напади на 11 септември, по што извесно време беше во Пакистан откако интервенцијата на САД во Авганистан го примора да ја напушти земјата.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес го погоди Авганистан

Османи на дискусија за поддршка на бранителите на демократијата од Авганистан: Македонија покажа одговорност кога тоа беше најпотребно

Орце Костов

Нов силен земјотрес го погоди западниот дел на Авганистан

Силен земјотрес е регистриран во Авганистан, на границата со Таџикистан

Силен земјотрес го погоди Авганистан

Талибанците го прогласија за национален празник денот кога замина последниот американски војник