Индекс на перцепција на корупција: Данска, Финска и Нов Зеланд на прво, Македонија на 87 и Јужен Судан на последно место

Од:

Данска и годинава е најдобро рангирана во светот според Глобалниот индекс на перцепција на корупцијата 2021, објавен денеска од Транспаренси Интернешнл (ТИ). Со ист број бодови (88) првото место го дели со Финска и Нов Зеланд.

Најлошо рангирана земја, според перцепцијата на корупција е Јужен Судан со 11 поени, два помалку од Сирија и Сомалија.

Северна Македонија се наоѓа на 87. место од вкупно 180 со 39 поени од можни 100 и бележи напредок од четири места во однос на претходната година. Државата има ист број поени како и Колумбија, Етиопија, Гвајана, Косово, Мароко, Суринам, Танзанија и Виетнам.

Според Индексот на перцепција на корупцијата, Србија е на 96-то место од 180 земји и територии, со индекс од 38, забележан втора година по ред, што се и нејзини најниски проценки досега, според Глобалниот индекс на перцепција на корупцијата 2021 објавен денеска од Транспаренси Интернешнл (ТИ). Србија нема никаков напредок и со 38 поени, исто како и претходната година, останува на најнискиот резултат од 2012 година, кога почнаа да се анализираат податоците. Србија го дели 96-тото место со пет други земји, Аргентина, Бразил, Индонезија, Лесото и Турција.

Од останатите држави на Западен Балкан, Црна Гора има индекс 46, Босна и Херцеговина и Албанија 35, Словенија е на 41 место со индекс 57, а Хрватска на 63 место со индекс 47.

Индексот на перцепција на корупција рангира 180 земји и територии во светот според нивото на корупција во јавниот сектор, а резултатите покажуваат скала од нула, што значи висока корупција до 100 кога станува збор за многу чиста земја или територија во однос на корупцијата.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Можно примерје ако Израел ги прифати условите на Хамас

А1он

Четири лица загинаа во ураганот што го погоди југот на Русија

Хашкиот суд издаде налог за апсење на Путин

Горан Наумовски

Принципи за мир – нова рамка за решавање на судирите низ светот

Ана Ололовска

ОН: Пет милиони деца починаа во 2021 година пред нивниот петти роденден

Ана Ололовска

Исчезнувањето на инсектите кои опрашуваат е причина за половина милион смртни случаи годишно

Ана Ололовска